ДЕМОКРАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГО ОТПОВИКААТ ТРАМП ПРЕД НОВА ГОДИНА

    ДЕМОКРАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ДА ГО ОТПОВИКААТ ТРАМП ПРЕД НОВА ГОДИНАНа последното сослушување во Конресот, Демократите добиле уверување од тројца професори по право дека имаат цврст случај против Трамп (Фото: АП)

    Тројца водечки професори по право потврдија во сведочењето во Конгресот дека обидите на Доналд Трамп да ја притисне Украина да покрене истрага против неговиот ривал Џо Бајден се добра основа за негово отповикување, давајќи им голем поттик на Демократите кои се подготвуваат за свој следен голем чекор.

    Сепак, четвртиот експерт, повикан од Републиканците, се изјасни против брзањето на постапката, сметајќи дека тоа би била најкратката истрага за отповикување досега, со најмало количестви докази.

    Демократите, сепак, потврдно одговорија на прашањето на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси дали се подготвени.

    Иако засега нема точен датум, Демократите ќе се обидат да го отповикаат Трамп околу Божиќ, што Пелоси сакаше да го избегне.

    Трамп е обвинет дека ја злоупотребил службената положба, ставајќи ја лична политичка корист пред националната безбедност, што вклучува стопирање на претходно договорена воена помош на Украина, вредна 400 милиони долари.

    „Не можеме да ги чекаме изборите следната година. Ако не реагираме веднаш да го спречиме, Трамп речиси сигурно самиот повторно ќе бара мешање во изборите за свои лични политички цели. Телефонскиот повик кон Володимир Зеленски не беше првпат тој да бара влијание врз изборите однадвор“, вели републиканецот Џеролд Надлер.

    Трамп се огласи од Лидерскиот самит на НАТО во Лондон, нарекувајќи го сослушувањето шега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира