По Ерменија, и парламентот на Азербејџан одобри воведување воена состојба, откако војските на двете земји утрово влегоа во нов вооружен судир во спорниот регион Нагорно-Карабах, што се заканува да добие пошироки размери.
Ерменскиот премиер Никол Пашинијан го обвини Азербејџан за воздушни и артилериски напади, додека Баку соопшти дека почнал контраофанзива како одговор на бомбардирањата.
Во судирите загинале 16 припадници на силите на Нагорно-Карабах, а над 100 луѓе се повредени, додека Азербејџан кажа дека во ерменските гранатирања на селата загинале пет членови на едно семејство, а има и десетици повредени.
Нагорно-Карабах е признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците. Регионалните власти кажаа дека бил гаѓан главниот град Степанакерт, како и уште два града.
„Има загуби меѓу азербејџанските сили и цивилното население како резултат на ерменските бомбардирања“, изјави претседателот Илхам Алиев, кој воведе и полициски час во поголемите градови.
Тој предупреди дека регионот е на раб на поширока војна и ја обвини Турција за агресивно однесување.