Десетици војници загинале во обновените борби помеѓу Ерменија и Азербејџан. Премиерот Никол Пашињан изјави дека ноќеска загинале 49 ерменски војници.
Двете соседни земји имаат водено две војни во изминатите три децении, а повремено се случуваат и помали судири. Тие спорат околу регионот Нагорно-Карабах, кој му припаѓа на Азербејџан, но е населен со етнички Ерменци. Исто така, Ерменија е историски поврзана со Русија, додека Азербејџан има блиски односи со Турција.
Русија објави дека договорила примирје, но Ерменија кажа дека тоа само довело до смирување на борбите, не и до нивно завршување.
Ерменија кажа дека биле гранатирани неколку погранични града и дека одговорила на провокациите. Азербејџан, пак, тврди дека неговите армиски позиции први биле нападнати. И Азербејџан призна дека има жртви, но не објави детали.
Вчерашните борби се најтешките од 2020 година, кога загинаа илјадници луѓе.