„ЏОНСОН ЕНД ЏОНСОН“ КАЗНЕТ СО 572 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПИОИДСКАТА КРИЗА ВО САД, КОЈА ОДНЕСЕ 40.000 ЖИВОТИ

    „ЏОНСОН ЕНД ЏОНСОН“ КАЗНЕТ СО 572 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПИОИДСКАТА КРИЗА ВО САД, КОЈА ОДНЕСЕ 40.000 ЖИВОТИ„Џонсон енд Џонсон“ е обвинет дека водел долгогодишна маркетиншка кампања со која ги минимизирал ризиците од создавање зависност од лекови (Фото: Гети)

    Фармацевтскиот гигант „Џонсон енд Џонсон“ ќе мора да плати казна од 572 милиони долари за неговото учество во опиоидската криза во Оклахома, пресуди тамошен суд. Од компанијата веднаш најавија жалба на пресудата.

    Ова е прва судска разврска меѓу илјадниците тужби против производители и дистрибутери на опиоди, кои се виновни за 40.000 смртоносни предозирања во САД од 1999 до 2017 година. Од 2000 година, само во Оклахома починале околу 6.000 луѓе од предозирање со опиоиди.

    Во почетокот на годината, сојузната држава Оклахома постигна нагодба со други две големи фармацевтски компании, „Пардју фарма“ и „Тева фармасеутикал“, кои се согласија да платат казна од 270, односно од 85 милиони долари, со што „Џонсон енд Џонсон“ продолжи сам да се брани.

    За време на седумнеделниот судски спор, адвокатите на државата тврдеа дека „Џонсон енд Џонсон“ водел долгогодишна маркетиншка кампања со која ги минимизирал ризиците од создавање зависност од лекови и ги промовирал нивните придобивки. Од компанијата се бранеа дека нивниот маркетинг имал поддршка во науката.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира