Кубанскиот парламент соопшти дека си го продолжил мандатот за уште два месеца, до април наредната година, одложувајќи ја транзицијата на власта од династијата Кастро на новиот претседател.
Осумдесет и шестгодишниот Раул Кастро, кој го замени својот брат Фидел по неговата смрт во ноември минатата година, планираше да се повлече во февруари, на крајот на едномесечниот политички циклус, во текот на кој ќе се спроведат избори на локално, регионално и национално ниво, како и за моќниот Државен совет.
Националното собрание сега соопшти дека неговиот мандат ќе трае до 19 април, бидејќи ураганот Ирма го одложил почетокот на сложениот изборен процес.
Многумина Кубанци и надворешни аналитичари предвидуваат дека Кастро ќе биде наследен од актуелниот прв потпретседател, 57-годишниот Мигел Дијас Канел, кој вети дека ќе ја продолжи досегашната политика, што предвидува и бавно и ограничено воведување на приватниот сектор во централизираната економија, додека истовремено, ќе се задржи еднопартискиот систем на целиот остров.
Раул Кастро притоа ќе остане на чело на Комунистичката партија.