20 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ НА ЃИНЃИЌ, ОД ЗАТВОР ИЗЛЕЗЕ ЕДЕН ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА НЕГОВОТО УБИСТВО

    20 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ НА ЃИНЃИЌ, ОД ЗАТВОР ИЗЛЕЗЕ ЕДЕН ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА НЕГОВОТО УБИСТВОДушан Крсмановиќ е единствениот припадник на земунскиот клан кој на судењето изрази каење (Фото: АФП)

    Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството на бившиот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, е пуштен од затворот во Сремска Митровица, само неколку дена пред 20-годишнината од атентатот. Крсмановиќ (45) беше уапсен на 2 април 2003 во акцијата „Сабја“ и е единствен припадник на земунскиот клан кој на судењето изрази каење, но не поради убиството на Ѓинѓиќ, туку „поради сето она што го довело во ситуацијата во која се нашол“.

    Освен за атентатот на Ѓинѓиќ, на членовите на земунскиот клан тогаш им се судеше и за 17 други убиства, три киднапирања и за два терористички напада.

    Со првостепената пресуда, Крсмановиќ беше осуден на 30 години затвор за учеството во 14 убиства, од кои едно самиот го извршил, но казната потоа му беше намалена на 20 години. Во завршниот збор, Крсмановиќ кажа дека останува на својата првична изјава во која призна бројни кривични дела и детаљно ги опиша злосторствата на земунскиот клан.

    „Го убивме премиерот. Сè беше онака како што кажав во истрагата. Се каам и сè ќе раскажам повторно“, кажа тој.

    Поради примените закани, Крсмановиќ ја служеше казната во Сремска Митровица, а не во Пожаревац, како останатите членови на кланот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира