ДВАЈЦА АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ВО ИРАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ЈОРДАН

    ДВАЈЦА АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ВО ИРАНСКИ НАПАДИ ВРЗ ЈОРДАНОд почетокот на војната против Иран на 28 февруари загинаa 16 американски војници (Фото: ДПА)

    Двајца американски војници се убиени, а еден се води како исчезнат по вчерашните ирански напади со балистички ракети и беспилотни летала врз Јордан, соопштија воени претставници.

    Централната команда на САД соопшти дека четворица војници биле евакуирани во болници во Јордан, но во меѓувреме биле отпуштени.

    Јорданската војска претходно соопшти дека пресретнала 10 ирански ракети испукани во нејзиниот воздушен простор ноќеска, без да пријави штета.

    Од почетокот на војната против Иран на 28 февруари загинаa вкупно 16 американски војници, а над 430 се повредени. Борбите беа обновени пред седум дена откако Доналд Трамп објави дека примирјето е завршено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира