ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД СО АВТОМОБИЛ ВО МАНХАЈМ, ВОЗАЧОТ Е ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД СО АВТОМОБИЛ ВО МАНХАЈМ, ВОЗАЧОТ Е ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИНИнцидентот се случи на плоштад во центарот на Манхајм среде предвелигденската карневалска сезона во Германија (Фото: Гети)

    Полицијата објави дека 40-годишен германски државјанин е возачот на автомобилот што денеска се заби во пешаци во југозападниот германски град Манхајм и тој беше уапсен на самото место. Бројот на загинати порасна на двајца, а уште десет луѓе се примени во болница со повреди.

    Уапсениот маж е единствениот осомничен за овој инцидент. Нема докази дека уште некој е вмешан“, соопшти полицијата.

    Уапсениот возач е во болница. Сојузниот министер за надворешни работи Томас Штробл потврди дека станува збор за намерен напад, велејќи дека возачот го користел автомобилот како оружје. Сепак, нема назнаки дека тој имал екстремистичка или верска позадина.

    Ова е гнасен и нечовечки инцидент“, изјави градоначалникот на Манхајм, Кристијан Шпехт.

    Инцидентот се случи на плоштад во центарот на Манхајм среде предвелигденската карневалска сезона во Германија. Градот вчера организираше голема парада, а за утре беше планиран уличен фестивал, но е откажан.

    Полицијата објави фотографии од оштетениот автомобил што учествувал во инцидентот. Очевидци кажаа дека возилото со голема брзина удрило во група луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира