ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕЛЕКТРАНИ ВО УКРАИНА УНИШТЕНА ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД

    ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕЛЕКТРАНИ ВО УКРАИНА УНИШТЕНА ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАДЕлектраната „Трипилија“ го снабдуваше и Киев со електрична енергија (Фото: Телеграм)

    Голема електрана близу Киев е целосно уништена во денешниот руски воздушен напад, објави енергетската компанија „Центренерго“. Електраната „Трипилија“ беше најголемиот снабдувач на електрична енергија за три региони, вклучувајќи го и Киев.

    Нивото на уништувањето е застрашувачко. Електраната е вон функција“, изјави директорот на „Центренерго“, Андриј Хота, додавајќи дека во нападот се уништени трансформаторот, турбините и генераторите.

    Русија долго време намерно и систематски го напаѓа енергетскиот систем на Украина.

    Трипилија“ се наоѓа 50 километри јужно од Киев. Властите кажаа дека електраната била погодена со неколку проектили.

    Вработените успеале да се спасат, откако побарале засолниште веднаш по нападот на првиот дрон“, кажа Хота.

    Русија лансирала повеќе од 80 проектили и дронови во денешниот напад низ целата земја. Речиси третина од нив не биле соборени од противвоздушната одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира