ЕЈ-БИ-СИ ГО ОТКАЖА ШОУТО НА ЏИМИ КИМЕЛ ПОРАДИ НЕГОВИТЕ КОМЕНТАРИ ЗА УБИСТВОТО НА ЧАРЛИ КИРК

    ЕЈ-БИ-СИ ГО ОТКАЖА ШОУТО НА ЏИМИ КИМЕЛ ПОРАДИ НЕГОВИТЕ КОМЕНТАРИ ЗА УБИСТВОТО НА ЧАРЛИ КИРККимел во своето шоу кажа дека „МАГА бандата“ се обидува да добие политички поени од убиството на Кирк (Фото: АП)

    Еј-Би-Си го откажа популарното вечерно шоу на Џими Кимел на неодредено време поради неговите коментари за убиството на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк.

    „‘Џими Кимел во живо‘ е тргнато од програмата на неодредено време“, изјави портпарол на мрежата која е во сопственост на „Дизни“.

    Кимел досега не ја коментираше одлуката. Тој оваа недела во своето шоу кажа дека „МАГА бандата“ се обидува да добие политички поени од убиството на Кирк.

    За убиството на популарниот активист е обвинет 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој, според властите, не бил регистриран во ниедна политичка партија и не гласал на изборите во 2022 и 2024.

    МАГА бандата очајно се обидува да го окарактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како нешто што не е едно од нив и прави сè што може да добие политички поени од тоа“, кажа Кимел.

    Тој исто така ја критикуваше одлуката знамињата да се спуштат на половина копје во чест на Кирк и се потсмеваше со реакцијата на Доналд Трамп на пукањето.

    „Возрасен не тагува така за убиството на некој што го нарекува пријател. Вака четиригодишно дете тагува по златна рипка“, рече Кимел, кој често го исмева Трамп.

    По убиството на Кирк на 10 септември, Кимел се огласи на Инстаграм, при што го осуди нападот и испрати љубов до семејството на конзервативниот активист.

    Трамп кажа дека укинувањето на шоуто на Кимел е одлична вест за Америка.

    Шоуто на Џими Кимел е откажано. Честитки до Еј-Би-Си што конечно најде храброст да го направи она што мораше да се направи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа и ги опиша другите двајца популарни водители Џими Фалон и Сет Мајерс како тотални губитници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира