ЕЛ НИЊО ЗАВРШИ, ДОАЃА ЛА НИЊА И СЕ ОЧЕКУВА ДА ДОНЕСЕ ЖЕСТОКА СЕЗОНА НА УРАГАНИ

    ЕЛ НИЊО ЗАВРШИ, ДОАЃА ЛА НИЊА И СЕ ОЧЕКУВА ДА ДОНЕСЕ ЖЕСТОКА СЕЗОНА НА УРАГАНИСезоната на атлантските урагани почнува во август (Фото: АП)

    Временскиот феномен Ел Нињо, кој донесе дополнителна жештина во веќе рекордно високите глобални температури, е завршен, потврдија американските метеоролози, но само за да му отстапи место на Ла Ниња, за кој се очекува да има големо влијание врз сезоната на атлантски урагани.

    Ел Нињо се формираше пред една година и иако не беше така силен како порано, тој имаше значаен удел во топлотните бранови и екстремните временски услови со кои се соочи светот во изминатиот период.

    Светот моментално се наоѓа во неутрална состојба, што значи дека времето се приближува до долгорочните просеци или нормалното. Сепак, тоа веројатно нема да потрае“, вели Мишел Л‘Еро од Националната агенција за океанска атмосфера на САД.

    Според неа, постојат 65% шанси дека во јули, август и септември ќе се формира Ла Ниња, ладење на истите делови од Пацификот, што често има спротивни ефекти. Еден од најсилните ефекти на Ла Ниња е што сезоната на атлантските урагани ја прави уште поактивна, а таа сезона почнува во август.

    Веројатноста за појава на Ла Ниња заедно со рекордно топли температури на површината на морето е причината поради која Националниот центар за урагани предвидува извонредна сезона на урагани. Сојузните држави од Мејн до Тексас се подготвуваат за активна година“, додаде Л‘Еро.

    Економска студија од 1999 покажа дека сушата од Ла Ниња предизвикала штети во американското земјоделство меѓу 2,2 и 6,5 милијарди долари, многу повеќе од Ел Нињо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира