ЕРМЕНЦИТЕ СИ ГИ ПАЛАТ ДОМОВИТЕ И СЕ СЕЛАТ ОД НАГОРНО-КАРАБАХ ПРЕД ДА ДОЈДАТ АЗЕРБЕЈЏАНЦИТЕ

    ЕРМЕНЦИТЕ СИ ГИ ПАЛАТ ДОМОВИТЕ И СЕ СЕЛАТ ОД НАГОРНО-КАРАБАХ ПРЕД ДА ДОЈДАТ АЗЕРБЕЈЏАНЦИТЕСелото Чаректар меѓународно е признато како дел од Азербејџан, но беше под контрола на етничките Ерменци уште по војната за Нагорно-Карабах во 1900-те, а утре Азербејџанците ќе се вратат и ќе ја преземат контролата врз областа. (Фото: Ројтерс)

    Ерменците ги палат своите домови и со сè што може да се натовари во камион се селат од Чаректар, во регионот на Нагорно-Карабах,  областа што се држеше под нивна воена контрола, но која наскоро треба да му биде предадена на Азербејџан.

    „Тие веќе утре наутро ќе бидат тука. Азербејџанците. Нека се гонат. Нека живеат тука, ако можат“, вели 35-годишниот Арсен, етнички Ерменец, додека го разгорува огнот од трпезариската маса.

    Според мировниот договор со посредство на Русија, по шестнеделните борби меѓу етничките ерменски сили и азербејџанските трупи околу спорниот регион Нагорно-Карабах и околните области, Ерменците од Чаректар треба да ѝ ја предадат територијата на Азербејџан. Сместено длабоко во планината, Чаректар е мало село во областа Калбајар во Азербејџан, кое се граничи со Нагорно-Карабах. Меѓународно е признато како дел од Азербејџан, но беше под контрола на етничките Ерменци уште по војната за Нагорно-Карабах во 1900-те. Утре Азербејџанците ќе се вратат и ќе ја преземат контролата врз областа.

    Арсен вели дека тој и другите етнички Ерменци немаат никаква желба да им остават нешто корисно на Азербејџанците.

    „Тие ќе треба да си изградат свои куќи од нула“, вели Арсен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира