ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ОТКАКО НЕДЕЛАВА ИМАЛО 22.000 ЗЕМЈОТРЕСИ

    ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАН НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ОТКАКО НЕДЕЛАВА ИМАЛО 22.000 ЗЕМЈОТРЕСИОва е прва ерупција на островот Ла Палма од 1971 (Фото: ЕПА)

    Вулкан еруптираше на Канарските Острови по цела недела сеизмички активности. ТВ-снимките од националниот парк Кумбре Веха на островот Ла Палма покажуваат фонтани од лава и столб од чад и пепел како излегуваат од вулканот.

    Властите кажаа дека уште пред ерупцијата почнале да евакуираат стари лица и животни од фарми од околните села. Министерството за одбрана соопшти дека војската помага во евакуацијата, што ќе опфати и околни градови.

    Пред ерупцијата, научниците оваа недела регистрирале над 22.000 мали земјотреси во националниот парк, кои имале јачина до 3,8 степени според Рихтерова скала.

    Најраната вулканска ерупција на Ла Палма била забележана во 1430 година, а при последната во 1971 загина едно лице додека се обидувало да фотографира во близина на лавата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира