Највисокиот активен вулкан во Европа, Етна, повторно еруптираше денеска и италијанските медиуми објавија дека облакот од чад е висок неколку километри.
„Во изминатите неколку часа, активноста на вулканот продолжи со експлозии со растечки интензитет, кои во моментов се силни и речиси континуирани“, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.
Новинската агенција „АНСА“ објави дека дел од југоисточниот кратер се урнал поради експлозиите и дека оттаму почнала да излегува фонтана од лава.