ЕШТОН КУЧЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СВОЈАТА ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ОТКАКО МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА АКТЕРОТ ДЕНИ МАСТЕРСОН ОСУДЕН ЗА СИЛУВАЊЕ

    ЕШТОН КУЧЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СВОЈАТА ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ОТКАКО МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА АКТЕРОТ ДЕНИ МАСТЕРСОН ОСУДЕН ЗА СИЛУВАЊЕКунис, Кучер и Мастерсон глумеа во популарната хумористична серија „Луди 70-ти“ (Фото: Гети)

    Актерот Ештон Кучер се повлече од својата хуманитарна организација за борба против сексуално злоставување деца откако се дозна дека испратил писмо на поддршка за својот колега Дени Мастерсон, кој беше обвинет за силување. Мастерсон, кој заедно со Кучер и неговата сопруга Мила Кунис глумеше во популарната хумористична серија „Луди 70-ти“, неодамна беше осуден на најмалку 30 години затвор за силување две жени.

    Поднесувајќи оставка од организацијата „Трн“, Кучер кажа дека писмото било погрешна проценка.

    Откако јас и мојата сопруга поминавме неколку дена во слушање, лично преиспитување, учење и разговори со жртвите и другите вработени во ‘Трн‘, заклучив дека најодговорната работа е да поднесам моментална оставка како претседател на управниот одбор. Не сакам мојата погрешна проценка да го одвлекува вниманието од нашите напори и од децата на кои им помагаме“, кажа Кучер.

    Тој и неговата бивша сопруга Деми Мур ја основаа организацијата во 2012.

    Писмата што Кучер и Кунис ги испратија до судијата во обид да влијаат врз намалувањето на казната за Мастерсон предизвикаа голем гнев во јавноста. Кучер притоа го опиша како личност која секогаш ги третирала другите со пристојност и великодушност, додека Кунис кажа дека секогаш го гледала како постар брат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира