ЕУ СЕ ОТКАЖА ОД КОНТРОВЕРЗНИОТ ПЛАН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЛЕДЕЊЕ НА ОНЛАЈН КОМУНИКАЦИИТЕ

    ЕУ СЕ ОТКАЖА ОД КОНТРОВЕРЗНИОТ ПЛАН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЛЕДЕЊЕ НА ОНЛАЈН КОМУНИКАЦИИТЕПредлогот на ЕУ предвидуваше автоматски надзор на онлајн преписките со филтри за откривање содржини со детска порнографија, за што операторите ќе требаше да ги скенираат пораките, вклучувајќи слики и интернет адреси на корисниците. (Фото: ДПА)

    Европската Унија засега ги повлече контроверзните планови за воведување задолжителен надзор врз содржината на онлајн комуникацијата на платформите и апликациите за разговор како што се Ватсап и Сигнал. Планот не доби поддршка од земјите-членки на ЕУ.

    Новиот, компромисен предлог ќе се заснова на принципот на доброволност.

    Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи ја поздрави ваквата одлука. Министерката за правда, Штефани Хубиг, изјави дека е задоволна од предлогот да се продолжи со постојната практика на доброволен надзор. Според неа, тоа овозможува борба против злоупотребата на деца на интернет, но истовремено ги штити и основните права на приватност.

    Противниците на првичниот предлог укажуваа на ризикот од широка контрола. Расправата за ова прашање во ЕУ трае со години, откако Европската комисија во 2022 го претстави оригиналниот предлог. Тој предвидуваше автоматски надзор на онлајн преписките со филтри за откривање содржини со детска порнографија, за што операторите ќе требаше да ги скенираат пораките, вклучувајќи слики и интернет адреси на корисниците.

    Сегашниот договор за доброволно скенирање на содржината истекува во април 2026 година, што го зголемува притисокот врз ЕУ конечно да ги приведе долгогодишните преговори кон крај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира