ЕВРОКОМЕСАРКАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ МАРТА КОС ВЕЛИ ДЕКА ВЕДНАШ БИ ЈА ПРИМИЛА УКРАИНА ВО ЕУ

    ЕВРОКОМЕСАРКАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ МАРТА КОС ВЕЛИ ДЕКА ВЕДНАШ БИ ЈА ПРИМИЛА УКРАИНА ВО ЕУКос го посети Киев и изрази силна поддршка за приемот на Украина во ЕУ (Фото: Анадолу)

    Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази силна поддршка за приемот на Украина во Европска Унија, нагласувајќи дека иднината на земјата е во блокот. Таа го посети Киев на третата годишнина од почетокот на руската инвазија, при што ги истакна отпорноста на Украина и потребата од европска солидарност.

    Украина – веднаш! Тоа беше мојот одговор кога ме прашаа која држава сакам да ја видам следна во Европската Унија“, кажа Кос.

    Таа истакна дека Украинците не ја бранат само својата земја, туку и се борат за слобода, достоинство и иднина.

    Кос смета дека Европската комисија има обврска да го заврши процесот на пристапување на Украина во рок од четири-пет години.

    Да беше до мене, уште утре би ја примила Украина во ЕУ, но тоа не е моја одлука. Сепак, ова е нешто што го нагласувам во сите европски престолнини и на сите отворени состаноци со европратениците. Ако Украина не стане членка на ЕУ до крајот на мојот мандат во 2029, тоа ќе значи дека Комисијата не си ја завршила работата добро“, рече Кос.

    И претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска кажа дека Украина би можела да стане членка на ЕУ пред 2030 ако продолжи со сегашните темпо и квалитет на реформи.

    Русија претходно кажа дека не се противи на членството на Украина во ЕУ, за разлика од пристапувањето во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира