ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗАБРАНИ „МЕСНИ“ ИМИЊА ЗА ХРАНАТА СО РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО, ПА ПРОДОЛЖИ ДА СЛУЖИ ВЕГАНСКИ БУРГЕРИ

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗАБРАНИ „МЕСНИ“ ИМИЊА ЗА ХРАНАТА СО РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО, ПА ПРОДОЛЖИ ДА СЛУЖИ ВЕГАНСКИ БУРГЕРИЦелосната забрана на имињата засега нема да се случи, зашто за тоа ќе гласаат и владите на 27-те земји-членки (Фото: Гети)

    Помалку од 24 часа откако Европскиот парламент забрани храната со растителна основа да користи „месни“ имиња како бургер, колбас или стек, во неговата менза во Стразбур се служеше вегански бургер како опција за здрав ручек.

    Забраната е вклучена во поширока реформа на земјоделските правила на ЕУ. Додека поддржувачите го претставија ова како победа за транспарентност и признание за сточарите, невладините организации го оценија како глупаво и удар врз одржливата исхрана. Сепак, за ова очигледно не биле известени во мензата на ЕК, објави „Политико“.

    Ден по контроверзната забрана се чини дека готвачите во мензата се одлучија за некаква граѓанска непослушност. Ајде да видиме кои смели луѓе сè уште нарачуваат вегетаријанска торта“, се пошегува холандската европратеничка Ана Строленберг.

    До раните попладневни часови денеска, бургерите биле распродадени.

    „Ги сокриле“, се пошегува еден функционер од Европскиот парламент.

    Целосната забрана на имињата засега нема да се случи, зашто освен Европската комисија, за тоа ќе гласаат и владите на 27-те земји-членки.

    ЕУ веќе ги дефинираше млечните производи како производи што доаѓаат само од млечни жлезди. Ова вклучува производи како млеко, јогурт и сирење. Овесното млеко, на пример, се продава како овесен пијалак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира