ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СО УЛТИМАТУМ ДО МАДУРО ДА РАСПИШЕ ИЗБОРИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА ВО РОК ОД ОСУМ ДЕНА

    ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СО УЛТИМАТУМ ДО МАДУРО ДА РАСПИШЕ ИЗБОРИ ВО ВЕНЕЦУЕЛА ВО РОК ОД ОСУМ ДЕНАСАД, Бразил и Канада се меѓу земјите кои му дадоа поддршка на Хуан Гуаидо (Фото: Ројтерс)

    Лидерите на Германија, Франција и Шпанија му порачаа на претседателот на Венецуела Николас Мадуро да распише избори во наредните осум дена, инаку за легитимна власт ќе ја признаат опозицијата.

    Мадуро е под притисок на меѓународната заедница откако неговиот ривал Хуан Гуаидо се прогласи за претседател во средата, среде големите протести против актуелната владејачка гарнитура. Неколку земји, меѓу кои и САД, Бразил и Канада, го поддржаа Гуаидо како претседател, додека Мадуро доби поддршка од Кина, Русија и Мексико.

    Мадуро притоа го обвини Гуаидо за планирање државен удар и ги прекина сите врски со САД. Тој положи заклетва за втор мандат во почетокот на овој месец, по изборите во мај, кои беа обележани со бојкот на опозицијата и обвинувања за местење.

    „Шпанија има одговорност кон Јужна Америка. Не сакаме да менуваме или отстрануваме влади, но сакаме демократија и слободни избори во Венецуела“, кажа шпанскиот премиер Педро Санчес, а слични пораки испратија и Франција и Германија.

    Десетици илјади луѓе протестираа поради економската криза во земјата, проследена со инфлација од 1.300.000% минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира