Соленото езеро во Мелбурн стана розово како комбинација на сончевата светлина, топлите температури и ниското ниво на врнежи. Локалните жители се зачудени од феноменот, бидејќи иако езерото можеби личи на милкшејк од јагода, но всушност е 10 пати посолено од морската вода.
„Сето ова е многу природно. Меѓутоа, иако водата не е штетна, таа не се препорачува за капење. Таа е толку солена и со толку многу кал на дното, што би излегле со лик на смрзната бомбица од рум, посебно откога би се исушиле“, велат овластените за флора на паркот Вестејт во Австралија.
Марк Норман, главниот научник на Паркот Викторија рече дека бојосувањето е резултат на нештетни алги, познати под името Дуналиела кои произведуваат црвен пигмент. „Уживајте во погледот, но препорачувам да не се стапува во контакт со водата“, вели тој.
На езерото се очекува да му се врати првичната сина боја со опаѓање на температурите и зголемени врнежи.
Во Австалија, овој природен настан може да се види и во Националниот Парк Викторија Мареј Сансет и во западното австралиско езеро Хилиер, додека тој е присутен и во шпанското езеро Салина де Торавиеха, канадското езеро Дасти Роуз и сенегалското езеро Ретба.