САКАЛЕ ДА ЈА КИДНАПИРААТ ГУВЕРНЕРКАТА НА МИЧИГЕН И ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ВЛАСТА, ФБИ УАПСИ ШЕСТ ЛИЦА

    САКАЛЕ ДА ЈА КИДНАПИРААТ ГУВЕРНЕРКАТА НА МИЧИГЕН И ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ВЛАСТА, ФБИ УАПСИ ШЕСТ ЛИЦАГрупата планирала да собере 200 луѓе за да упаднат во собранието на Мичиген и да земат заложници, вклучувајќи ја и Вимер (Фото: АП)

    ФБИ објави дека спречил заговор за киднапирање на демократската гувернерка на Мичиген, Гречен Вимер. Официјални лица кажаа дека во заговорот учествувале шест лица, кои се уапсени.

    Оваа група со месеци го подготвувала заговорот, при што била консултирана и обучувана од припадници на милиција, а во август и септември извела тренинг акции. Четворица од нив планирале да се сретнат в среда за да купат експлозиви и да преземат тактичка опрема, соопшти ФБИ.

    Уфрлен таен агент во јуни присуствувал на состанок во Даблин, Охајо, каде што членови на милиција од Мичиген дискутирале за соборување на власта во оваа сојузна држава, за која верувале дека го крши уставот.

    „Неколкумина членови зборувале за убивање тирани и за киднапирање на актуелната гувернерка“, се вели во документите доставени до судот.

    Групата планирала да собере 200 луѓе за да упаднат во собранието на Мичиген и да земат заложници, вклучувајќи ја и Вимер. Тие сакале да го спроведат планот пред ноемвриските претседателски избори, а втората опција им била да ја нападнат гувернерката во нејзиниот дом.

    Вимер беше фалена, но и критикувана за нејзината мерки против коронавирусот, кои вклучуваа и строги ограничувања за движење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира