ФЕДЕРАЛНИ АГЕНТИ УАПСИЈА АМЕРИКАНСКИ СЕНАТОР ЗАШТО САКАШЕ ДА ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

    ФЕДЕРАЛНИ АГЕНТИ УАПСИЈА АМЕРИКАНСКИ СЕНАТОР ЗАШТО САКАШЕ ДА ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТВидео од инцидентот го покажува Падиља како се бори со неколкумина агенти на Тајната служба, пред да биде извлечен од просторијата (Фото: АП)

    Демократскиот сенатор Алекс Падиља беше присилно отстранет од прес-конференција на американската министерка за внатрешна безбедност Кристи Ноем во Лос Анџелес, при што му беа ставени лисици на рацете.

    Ноем ја информираше јавноста за ситуацијата во Лос Анџелес по една недела протести против рациите на имигранти, кога Падиља ја прекина и почна гласно да ѝ поставува прашање.

    Јас сум сенаторот Алекс Падиља. Имам прашање за министерката“, кажа тој.

    Видео од инцидентот го покажува Падиља како се бори со неколкумина агенти на Тајната служба, пред да биде извлечен од просторијата. Неуниформирани агенти на ФБИ потоа го фрлаат на земја и го апсат. Ноем продолжи да им збори на новинарите, додека Падиља го исфрлаа надвор.

    Отстранувањето на Падиља беше осудено од демократските, но и од некои републикански конгресмени.

    Ова е ужасно. Шокирана сум во секој поглед. Ова не е Америка која ја знам“, рече сенаторката Лиза Мурковски.

    Падиља подоцна се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека веќе не можел да ја поднесе реториката, па затоа сакал да постави прашање.

    Добро сум. Но, ако можат тоа да ми го направат мене, сенатор на Соединетите Американски Држави, што прават на многу луѓе таму кога камерите не се вклучени? Она што го видовме овде не треба да се нормализира“, кажа Падиља.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира