Францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на Франсоа Бајру, со што земјата ќе го добие петтиот премиер за помалку од две години и ќе се продлабочи политичката криза. Националното собрание гласаше со 364 наспроти 194 за смената на Бајру.
Падот на владата беше извесен откако пратениците и од десницата и од левицата најавија дека ќе го поддржат тоа. Емануел Макрон го назначи 73-годишниот Бајру за премиер во декември, откако неговиот претходник Мишел Барние опстана само три месеци на функцијата.
„Нема да се осврнувам на навредите што ги добив денеска. Последните девет месеци ми причинуваа длабока радост поради тимот со кој работев. Им се заблагодарувам на сите мои министри за соработката и за работата што ја завршивме заедно“, кажа Бајру пред гласањето за доверба.
Тој кажа дека утре ќе ја предаде својата оставка. Од Елисејската палата кажаа дека Макрон ќе назначи нов премиер во следните денови.
Во француската политика владее нестабилност од вонредните парламентарни избори минатото лето, на кои што победи крајната левица, иако најголеми шанси ѝ се даваа на крајната десница.