ФУДБАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ГАНА, КРИСТИЈАН АТСУ, ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА

    ФУДБАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ГАНА, КРИСТИЈАН АТСУ, ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈААтсу се водеше како исчезнат од 6 февруари, од уривањето на неговата зграда во Хатај (Фото: Гети)

    Фудбалскиот репрезентативец на Гана, Кристијан Атсу, е пронајден мртов под урнатините на својот дом во Турција, речиси две недели по катастрофалниот земјотрес, потврди неговиот менаџер. Триесет и едногодишниот Атсу беше член на премиерлигашките клубови Евертон, Челзи и Њукасл, пред да ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Хатајспор.

    Тој се водеше како исчезнат од 6 февруари, од уривањето на неговата зграда во Хатај, кој тешко настрада во земјотресот. Хатајспор во прв момент објави дека Атсу беше извлечен повреден од урнатините, што беше демантирано по неколку дена.

    Со тешко срце морам да соопштам дека телото на Кристијан Атсу утрово беше пронајдено“, изјави менаџерот Нана Секере.

    Атсу дојде во Челзи во 2013, но не забележа ниеден настап, туку беше позајмуван на други екипи. Од 2017 до 2021 играше за Њукасл, а на Хатајспор му се придружи во септември 2022. За репрезентацијата на Гана одигра 65 средби и постигна девет гола. Настапи на Светското првенство во 2014 и беше африкански вицешампион во 2015.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира