ГЕРМАНИЈА ЌЕ КУПУВА РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ ОД САД

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ КУПУВА РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ ОД САДМерц го постигна договорот за ракетите со долг дострел на самитот на НАТО во Анкара (Фото: ДПА)

    Германија постигна договор за купување американски крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно стационирање во земјата, објави канцеларот Фридрих Мерц. Договорот за ракетите со долг дострел, кои се користат за погодување цели длабоко во непријателска територија, беше постигнат на маргините на самитот на НАТО во Анкара.

    „Ова ќе затвори важен стратешки јаз во нашата одбрана, а во исто време ќе работиме на развој на наши, европски системи и нивно стационирање во Европа“, изјави Мерц во германскиот парламент по враќањето од дводневниот самит.

    Доналд Трамп претходно кажа дека ќе ѝ дозволи на Украина да произведува ракети „Патриот“, што ѝ се неопходни за одбрана од руските балистички проектили.

    Томахавк“ е во инвентарот на американската војска од 1980-тите. Иако бавна според стандардите за ракети, таа лета на 30-ина метри од земјата, што го отежнува нејзиното откривање и има дострел од околу 1.600 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира