ГЕРМАНИЈА ЌЕ Ѝ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА МЕРЦ НА СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ Ѝ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА ДА ПРОИЗВЕДУВА ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА МЕРЦ НА СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИМерц вети дека Германија ќе ја поддржува Украина колку што биде потребно (Фото: Гети)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц му кажа на Володимир Зеленски дека неговата земја ќе ѝ помогне на Украина да произведува проектили со долг дострел.

    Ќе разговараме за производството, но нема јавно да ги објавиме деталите“, кажа Мерц на средбата со Зеленски во Берлин откако новинарите го прашаа дали Германија ќе ѝ даде проектили „таурус“ на Украина.

    Откако стана канцелар, Мерц вети дека ќе ја зголеми германската поддршка за Украина, а минатата недела изјави дека веќе нема да има ограничувања во дострелот на оружјето што ќе го даваат западните сојузници. „Таурус“ има дострел од околу 500 километри и носи моќна боева глава.

    Министерствата за одбрана на Германија и Украина ќе потпишат меморандум на разбирање за проектили со долг дострел“, кажа Мерц.

    Тој вети дека Германија ќе ја поддржува Украина колку што биде потребно, предупредувајќи ја Русија дека ќе се соочи со вистински последици ако одбие да учествува во мировни разговори. Зеленски повика на разговори во кои би учествувале и Путин и Трамп, но додаде дека прифаќа и друг формат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира