ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ГО ВРАТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ВОЕН РОК

    ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ДЕКА БИ МОЖЕЛА ДА ГО ВРАТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ВОЕН РОКМинистерот Писториус кажа дека владата подготвува нов предлог-закон за воена служба (Фото: АП)

    Германија би можела да го врати задолжителниот воен рок доколку обновениот волонтерски систем не ги исполни целите за регрутирање, рече министерот за одбрана Борис Писториус.

    Во интервју за „Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг“, Писториус постави временска рамка за новиот модел на воена служба во Германија, кој има за цел да ја зајакне недоволно опремената армија. Првичната програма ќе се потпира на доброволно пријавување, но Писториус предупреди дека тоа може да се промени.

    Ако дојде време да имаме повеќе капацитети на располагање од доброволните регистрации, тогаш може да се донесе одлука регрутирањето да биде задолжително. Тоа е патоказот“, рече тој.

    Писториус кажа дека владата на Фридрих Мерц подготвува нов предлог-закон за воена служба и се надева дека тој ќе стапи во сила во јануари 2026.

    Во Германија се засилува дебатата за враќање на воената обврска поради загриженоста за подготвеноста на националната одбрана и за заканите за безбедноста во Европа.

    Германија го укина регрутирањето во 2011 и потоа се мачеше да го исполни потребниот број војници, додека растат барањата за одбраната по руската инвазија врз Украина. Писториус рече дека планот за воена служба ќе вклучува и повторно активирање на повеќе резервисти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира