ГЕРМАНИЈА ПРАВИ ЛИСТА НА БУНКЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЦИВИЛИ ВО СЛУЧАЈ НА ВОЈНА

    ГЕРМАНИЈА ПРАВИ ЛИСТА НА БУНКЕРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЦИВИЛИ ВО СЛУЧАЈ НА ВОЈНАГерманија располага со само 579 бункери, кои можат да понудат засолниште за 480.000 луѓе (Фото: Алами)

    Германија прави листа на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивилите, кажа министерството за внатрешни работи, додека се зголемуваат тензиите со Русија. Листата содржи и станици на подземната железница, подземни паркинзи, државни згради и приватни имоти.

    Ќе биде изготвена и дигитална мапа со бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат, користејќи планирана апликација за телефон. Луѓето, исто така, ќе бидат охрабрени да создадат засолништа во своите домови со пренамена на подруми и гаражи, рече портпаролот на министерството за внатрешни работи. Тој додаде дека тоа е голем проект за кој ќе треба време да се изведе.

    Германија, која има 84 милиони жители, располага со само 579 бункери, кои потекнуваат главно од Втората светска војна и Студената војна и можат да понудат засолниште за 480.000 луѓе.

    Од почетокот на руската инвазија врз Украина се зголемија стравувањата дека Русија би можела да нападне членка на НАТО. Минатиот месец, германските разузнавачи проценија дека Русија до 2030 година би можела да биде спремна да го нападне НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира