ГЕРМАНИЈА РАЗМИСЛУВА ДА ПОЧНЕ ДА ПРИМА СТРАНЦИ ВО СВОЈАТА ВОЈСКА

    ГЕРМАНИЈА РАЗМИСЛУВА ДА ПОЧНЕ ДА ПРИМА СТРАНЦИ ВО СВОЈАТА ВОЈСКАГерманија планира да ги зголеми буџетот и кадарот на армијата до 2025 година (Фото: Гети)

    Седум години откако укина регрутација, Германија би можела да почне да прима странци во редовите на својата војска поради недостиг на кадар.

    Ова го најави началникот на генералштабот Еберхард Цорн, кој кажа дека се принудени да ги разгледуваат сите опции поради недостиг на квалификуван персонал, како лекари и компјутерски стручњаци.

    Германската армија (Бундесвер) со години трпи поради намалени вложувања, но до 2025 година планира да го зголеми својот кадар на 21.000 припадници. По критиките од Доналд Трамп кон останатите членки на НАТО, и Германија планира да го зголеми буџетот на армијата, од 1,2 на 1,5% од бруто домашниот производ.

    „Се разбира дека на Бундесвер му недостига персонал. Армијата мора да обезбеди соодветна идна генерација. Една од опциите е прифаќање на кадар од други земји-членки на Европска Унија, но само од специјализирани области“, изјави Цорн.

    Последните извештаи откриваат драматично лоша состојба на борбената опрема на германската војска, што се однесува на авиони, хеликоптери, тенкови и бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира