ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРИВРЕМЕНИ КОНТРОЛИ ДОЛЖ ЦЕЛАТА СВОЈА ГРАНИЦА

    ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРИВРЕМЕНИ КОНТРОЛИ ДОЛЖ ЦЕЛАТА СВОЈА ГРАНИЦАКонтролите ќе почнат на 16 септември и првично ќе бидат на сила шест месеци (Фото: ДПА)

    Германската влада објави дека воведува привремени контроли долж целата копнена граница во обид да се справи со илегалната имиграција и да се заштити јавноста од закани како исламистички екстремизам. Контролите ќе почнат на 16 септември и првично ќе бидат на сила шест месеци.

    Ја зајакнуваме внатрешната безбедност и продолжуваме со цврстата борба против илегалната имиграција“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

    Германија го заостри својот став кон имиграцијата во изминатите години, а воведувањето на привремените гранични контроли би можело да биде нов тест за европското единство. Таа дели 3.700 километри долга граница со Данска, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Австрија, Чешка и Полска и лани воведе построги гранични контроли со некои од нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира