ГЕРМАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК ПРЕТЕПАН И ТЕШКО ПОВРЕДЕН ДОДЕКА ЛЕПЕЛ ПРЕДИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ВО ДРЕЗДЕН

    ГЕРМАНСКИ ЕВРОПРАТЕНИК ПРЕТЕПАН И ТЕШКО ПОВРЕДЕН ДОДЕКА ЛЕПЕЛ ПРЕДИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ВО ДРЕЗДЕНМатијас Еке добил такви повреди што ќе мора да оди на операција (Фото: ДПА)

    Германскиот европратеник Матијас Еке е натепан и сериозно повреден додека тој и неговиот тим лепеле плакати во Дрезден за претстојните избори за Европскиот парламент. Четириесет и едногодишниот Еке е водечкиот кандидат на Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц во сојузната покраина Саксонија.

    Од СПД кажаа дека Еке добил такви повреди што ќе мора да оди на операција.

    Шефот на СПД за Саксонија, Хенинг Хоман, изјави дека тројца-четворица непознати луѓе ненадејно се појавиле, почнале да го навредуваат тимот на Еке додека лепеле плакати и потоа ги нападнале. „Билд“ објави дека Еке имал скршеници и бил во бессознание, а Хоман кажа дека тој ќе мора да остане во болница и следната недела.

    Полицијата кажа дека претходно во истата област бил нападнат и 28-годишен маж додека лепел плакати за Зелената партија. Властите веруваат дека двата напада се поврзани.

    Овие напади се сигнал за сите во земјата што не смее да се игнорира. Ова се напади врз самите основи на демократијата“, изјави Хоман.

    Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека земјата се соочува со нова димензија на антидемократско насилство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира