Германскиот парламент го усвои законот за нова доброволна воена служба, чија цел е да се зајакнат војската и одбранбените капацитети на Европа среде засилените тензии со Русија. Законот, кој беше одобрен по неколкумесечна дебата, има за цел да привлече млади регрути, но ако нивниот број биде недоволен, парламентот ќе може да активира мобилизација според потребите.
Министерството за одбрана ќе го известува парламентот за обемот на регрутацијата на секои шест месеци.
Крајната цел е бројот на активни војници да се зголеми од сегашните 183.00 на 260.000 до 2035 година, плус најмалку 200.000 резервисти.
Законот предвидува сите мажи родени по 1 јануари 2008 да одат на задолжителен медицински преглед.
Германија следи поширок европски тренд, откако и Франција, Италија и Белгија ја проширија доброволната воена служба, а скандинавските и балтичките држави го зајакнуваат задолжителниот воен рок.



