ГЕРМАНЦИТЕ ЗЕМААТ ПРЕМНОГУ ДЕНОВИ БОЛЕДУВАЊЕ, СЕ ПОЖАЛИ МЕРЦ

    ГЕРМАНЦИТЕ ЗЕМААТ ПРЕМНОГУ ДЕНОВИ БОЛЕДУВАЊЕ, СЕ ПОЖАЛИ МЕРЦМерц најави реформирање на телефонските консултации со лекарите за да се избегнат злоупотреби (Фото: ДПА)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги нападна своите сонародници поради нивната склоност да земаат боледување, прашувајќи зошто еден вработен зема скоро три недели отсуство од работа поради болест или повреда секоја година. Мерц рече дека треба да се преиспита политиката со која им се дозволува на лекарите да издаваат боледувања по телефонски консултации.

    Мерката беше воведена во 2021 и на неа се спротивставија конзервативците на Мерц и претставниците на работодавачите.

    „Тоа имаше смисла за време на ковид пандемијата, но дали има смисла и денес?“, праша Мерц.

    Истакнувајќи го просекот од 14,5 дена боледување што ги земале вработените во Германија во 2024 година, Мерц рече дека тоа се речиси три недели во текот на кои луѓето не работеле поради болест.

    „Дали е тоа навистина потребно?“, кажа тој.

    Коалицискиот договор на Мерц со социјалдемократите вклучува ветување за реформирање на телефонските консултации за да се избегнат злоупотреби.

    На крајот на краиштата, сите мора да работиме заедно за да постигнеме повисоко ниво на економски перформанси отколку што постигнуваме во моментов“, додаде Мерц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира