ГЛАВНИОТ СТРАТЕГ НА ТРАМП ИМ ПОРАЧА НА МЕДИУМИТЕ ДА ЗАЌУТАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Вашингтон,(Њујорктајмс)

    ГЛАВНИОТ СТРАТЕГ НА ТРАМП ИМ ПОРАЧА НА МЕДИУМИТЕ ДА ЗАЌУТАТ

    Стивен Бенон, главниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, ги нападна медиумите во денешното интервју за „Њујорк тајмс“, тврдејќи дека медиумските организации биле „понижени“ со исходот од изборите кој малкумина го очекуваа и неколку пати ги нарече медиумите „опозициска партија“ на актуелната администрација.

    „Медиумите треба да бидат засрамени и понижени и да си ќутат и само да слушаат извесно време“, кажа Бенон.

    „Сакам да ме цитирате. Медиумите тука се опозициска партија. Тие не ја сфаќаат оваа земја. Се уште не сфаќаат зошто Доналд Трамп е претседател на САД“, додаде Бенон.

    Ваквата проценка на еден од најдоверливите и највлијателните советниците на Трамп доаѓа во момент на високи тензии меѓу медиумите и администрација. Бенон, кој ретко дава интервјуа на новинари кои не се од „Брајтбарт њуз“, десничарскиот веб сајт, со кој раководеше до минатиот август, само ги потврди коментарите на Трамп дадени викендов, кога претседателот кажа дека е во војна со медиумите и ги нарече новинарите најнечесните луѓе на планетата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира