ГЛОБАЛНИОТ ТРГОВЕЦ СО НАФТА „ГУНВОР“ ЌЕ ГИ КУПИ СИТЕ СТРАНСКИ ИМОТИ НА „ЛУКОИЛ“

    ГЛОБАЛНИОТ ТРГОВЕЦ СО НАФТА „ГУНВОР“ ЌЕ ГИ КУПИ СИТЕ СТРАНСКИ ИМОТИ НА „ЛУКОИЛ“На 22 октомври, Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ (Фото: ТАСС)

    „Лукоил“ објави дека ќе ги продаде неговите странски имоти на глобалниот трговец со енергенси „Гунвор“, на што се реши откако Доналд Трамп воведе санкции за вториот по големина руски производител на нафта поради војната во Украина. Продажбата на средствата е најзначајната акција што руската компанија ја презема поради западните санкции.

    „Лукоил“ соопшти дека прифатил понуда од „Гунвор“ за продажба на „Лукоил интернешнал“, кој ги контролира странските имоти на нафтениот гигант.

    „Клучните услови на трансакцијата се претходно договорени од двете страни. ‘Лукоил‘ ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти „Лукоил“.

    „Гунвор“ потврди дека е во преговори со „Лукоил“ за евентуално преземање на неговите странски средства.

    „Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Кипар, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.

    На 22 октомври, Трамп воведе санкции за руските државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ поради одбивањето на Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, една недела откако ваква одлука донесе и Велика Британија.

    „Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2%. Ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија, ги снабдува со нафта Словачка, Унгарија и турската рафинерија „СТАР“ и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво во Европа и разни проекти за производство на нафта и гас во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира