ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД ВРЗ ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА УКРАИНА, ЕКСПЛОЗИИ СЕ СЛУШААТ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА

    ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД ВРЗ ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА УКРАИНА, ЕКСПЛОЗИИ СЕ СЛУШААТ НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈАНационалниот оператор воведе вонредни исклучувања на струјата во неколку региони, меѓу кои и Одеса (Фото: Гети)

    Русија утрово изведе голем воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, објави министерот за енергетика Герман Галушченко, додавајќи дека експлозии се слушаат во повеќе региони на земјата. Ова е втор ваков напад врз земјата овој месец.

    Енергетскиот сектор е повторно под голем непријателски напад. Напади врз енергетски објекти се случуваат низ целата земја“, кажа Галушченко.

    Националниот оператор „Укренерго“ воведе вонредни исклучувања на струјата во регионите Киев, Одеса, Харкив и Днипро, додаде тој, додека температурите низ земјата се под нула Целзиусови степени.

    Украинската војска претходно објави дека сирените за тревога се огласиле низ целата држава поради закана од воздушен напад. Набргу потоа, експлозии биле регистрирани во Харкив на истокот, Лвив и Луцк на западот и во Одеса на југот. Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, кажа дека противвоздушната одбрана во градот е активна, а мета биле и Суми, Миколаив, Виниција и други региони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира