ГОТВАЧОТ НА ПУТИН ПРИЗНА ДЕКА ЈА ОСНОВАЛ ПЛАТЕНИЧКАТА ГРУПА „ВАГНЕР“

    ГОТВАЧОТ НА ПУТИН ПРИЗНА ДЕКА ЈА ОСНОВАЛ ПЛАТЕНИЧКАТА ГРУПА „ВАГНЕР“Пригожин ја основал групата за да ја помогне борбата на сепаратистите во Донбас во 2014 (Фото: Гети)

    Рускиот бизнисмен и близок соработник на Владимир Путин, Евгени Пригожин, призна дека ја основал платеничката група „Вагнер“ и дека нејзини припадници биле ангажирани во Јужна Америка и Африка. Откако со години ги демантираше врските со групата, Пригожин потврди дека ја основал со цел да ја помогне борбата на сепаратистите во украинскиот регион Донбас во 2014.

    „Тој ден, на 1 мај 2014, родена е група патриоти, која подоцна стана позната како ‘Вагнер‘“, кажа 61-годишниот Пригожин, кој се наоѓа под западните санкции.

    Пригожин го нарекуваат и Готвачот на Путин поради неговите договори за кетеринг со Кремљ.

    „Овие дечки се херои кои ги бранеа сирискиот народ, луѓе во други арапски земји и сиромашни Африканци и Јужноамериканци. Тие станаа столбови на нашата татковина“, вели Пригожин.

    Тој неодамна беше снимен како регрутира борци меѓу руски затвореници, ветувајќи им слобода ако преживеат шест месеци во Украина.

    Во изминатите години, „Вагнер“ се обвинуваше дека ѝ помага на Москва во остварувањето на нејзините цели во странство, но и за воени злосторства. Кремљ ги негираше врските со групата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира