ГРЧКАТА СПЕЦИЈАЛНА ПОЛИЦИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ НА МИКОНОС

    ГРЧКАТА СПЕЦИЈАЛНА ПОЛИЦИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ НА МИКОНОСНашата мисија е разбивање на сите овие банди и групи кои го кршат законот и вршат злосторства, рече министерот Михалис Хрисохоидис. (Фото: СДК.МК)

    Грчкиот министерот за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, најави засилување на Полициската поддирекција на Миконос со специјална полиција од Атика, со цел сузбивање на криминалот на кикладскиот остров.

    „Нашата одлука е да ги елиминираме од островот сите оние кои практикуваат нелегални активности, без разлика дали се поврзани со транспорт, без разлика дали се поврзани со забава или поврзани со голем број други асоцијални феномени“, рече тој при вчерашната посета на островот.

    „Нашата мисија е разбивање на сите овие банди и групи кои го кршат законот и вршат злосторства. Во Миконос нема место за тепачи или дилери на дрога, ниту пак за оние кои доаѓаат овде за ќар со кршење на законот“, рече Хрисохоидис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира