Грчкиот парламент вчера ја одобри продажбата на удел од 67 отсто во Солунското пристаниште за 232 милиони евра. Парламентот го ратификуваше договорот, кој што беше потпишан во декември со конзорциумот составен од германската компанија „Дојче Инвест“, руско-грчката „Белтера Инвестментс“ и француската „Франсес Терминал Линк“.
Вчерашната ратификација следува по приватизацијата на пристаништето Пиреја, најголемото во Грција, преку продажба на мнозински удел на кинеската групација „Коско“.
Грчката влада вели дека е посветена на продолжување на реформите за намалување на трошоците и приватизација на државните компании.