Грција успешно ја комплетираше тригодишната европска програма за помош, што ѝ помогна да се соочи со последиците од должничката криза.
За првпат во последните осум години, Грција е слободна да позајмува пари од финансиските пазари.
За да може да добива заеми, грчката влада мораше да воведе низа непопуларни мерки на штедење. Во соработка со Меѓународниот монетарен фонд, Грција од 2010 година доби заеми од повеќе од 260 милијарди евра, што е најголемата програма за помош во глобалната финансиска историја.
Во последните три години, Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) ѝ обезбеди на земјата 61 милијарда евра. Тоа ѝ помогна на грчката влада да ја реформира проблематичната економија и да ги докапитализира своите банки.
„Грција конечно може да застане на свои нозе“, изјави Марио Сентено, директорот на ЕСМ, фондот кој го користи еврото за да се справи со финансиски кризи.
Грчката економија покажа помал раст во изминатите години и тој е сèе уште за 25% помал во однос на периодот пред да почне кризата.