ГРУПА ПРЕДВОДЕНА ОД МАСК ПОНУДИ 97,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА КУПУВАЊЕ НА „ОПЕНАИ“

    ГРУПА ПРЕДВОДЕНА ОД МАСК ПОНУДИ 97,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА КУПУВАЊЕ НА „ОПЕНАИ“Маск беше еден од основачите на „ОпенАИ“ во 2015 (Фото: АП)

    Група инвеститори предводена од Илон Маск понуди 97,4 милијарди долари за преземање на „ОпенАИ“, компанијата која го создаде популарниот четбот ЧетГПТ. Адвокатот на Маск, Марк Тобероф, потврди дека била поднесена понуда за купување на сите средства на технолошката компанија.

    Ова е последниот пресврт во долготрајната битка помеѓу Маск и Сем Алтман, извршниот шеф на „ОпенАИ“, која предизвика бум во развојот на вештачката интелигенција.

    Не, благодарам, но ако сакаш, ние ќе го купиме Икс за 9,74 милијарди долари“, одговори Алтман на Икс, социјалната мрежа на најбогатиот човек на светот и десна рака на Доналд Трамп.

    Маск го купи Твитер, сега наречен Икс, за 44 милијарди долари во 2022 година.

    Маск и Алтман заедно ја основаа „ОпенАИ“ во 2015 како непрофитна компанија, но односите помеѓу нив се влошија откако Маск си замина во 2018. Алтман притоа ја трансформираше компанијата во профитна, велејќи дека само така може да обезбеди пари за развој на најдобрите модели за вештачка интелигенција. Се проценува дека фирмата денес вреди околу 300 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира