ГРУПАТА НОВА ИРА ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА

    ГРУПАТА НОВА ИРА ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТАЛира Меки беше застрелана во главата минатиот четврток додека ги набљудувала немирите во градот Лондондери во Северна Ирска (Фото: АП)

    Групата Нова ИРА ја призна одговорноста за убиството на новинарката Лира Меки, според весникот „Ајриш нуз“. Во изјава дадена за весникот, групата изрази „целосно и искрено извинување“ на нејзиното семејство и пријателите. Групата рече дека новинарката била убиена додека „стоела зад непријателските сили“ – израз со кој ја именуваат полицијата.

    Меки (29), беше застрелана во главата минатиот четврток додека ги набљудувала немирите во градот Лондондери во Северна Ирска. Полицијата рече дека има масовен одѕив за нејзиното убиство и ги повика граѓаните да пријават секаква информација.

    Изјавата на Нова ИРА дојде откако екстремнолевичарската републиканска партија Саорад – која што ја поддржува Нова ИРА – се обиде да го оправда насилството од минатиот четврток.

    Новата ИРА е мала група, која го отфрли договорот од Велипеток во 1998, со што Ирската републиканска армија (ИРА) прифати политичко решение за долготрајното насилство познато како „Белјата“, во кое загинаа повеќе од 3.700 луѓе. Групата е обвинета и за нападот со автомобил-бомба во Лондондери во јануари, од кон немаше повредени ни жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира