„ГУНВОР“ СЕ ОТКАЖА ОД КУПУВАЊЕТО НА СТРАНСКИТЕ ИМОТИ НА „ЛУКОИЛ“ ОТКАКО САД КАЖАА ДЕКА Е МАРИОНЕТА НА КРЕМЉ

    „ГУНВОР“ СЕ ОТКАЖА ОД КУПУВАЊЕТО НА СТРАНСКИТЕ ИМОТИ НА „ЛУКОИЛ“ ОТКАКО САД КАЖАА ДЕКА Е МАРИОНЕТА НА КРЕМЉ„Лукоил“ минатата недела објави дека ќе ги продаде неговите странски имоти на „Гунвор“ (Фото: ТАСС)

    Глобалниот трговец со енергенси „Гунвор“ објави дека ја повлекува понудата за купување на странските имоти на „Лукоил“ откако САД кажаа дека никогаш нема да ја одобрат оваа зделка.

    Претседателот Трамп беше јасен дека војната во Украина мора да заврши веднаш. Сѐ додека Владимир Путин продолжува со убивањето, марионетата на Кремљ ‘Гунвор‘ никогаш нема да добие дозвола за работа и профит“, соопшти американското министерство за трговија.

    Портпаролот на „Гунвор“, Сет Пјетрас, кажа дека ваквата изјава е дезинформација и лажна, но компанијата сепак ја повлекува својата понуда за „Лукоил“.

    Лукоил“ минатата недела објави дека ќе ги продаде неговите странски имоти на „Гунвор“, на што се реши откако Доналд Трамп воведе санкции за вториот по големина руски производител на нафта поради војната во Украина. „Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Швајцарија, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.

    Тимченко ги продаде своите акции откако САД воведоа санкции против него по руската анексија на Крим во 2014, по што компанијата се дистанцираше од Русија.

    Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2%. Ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија, ги снабдува со нафта Словачка и Унгарија и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво низ Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира