Гувернерот на руската балтичка енклава Калининград го обвини германскиот филозоф од 18. век Имауел Кант за актуелната војна во Украина.
„Имануел Кант, кој е роден во Калининград пред 300 години, има директна врска со воениот конфликт во Украина“, изјави гувернерот Антон Алиханов на еден локален политички форум.
Според него, влијателниот мислител придонесол за глобалниот хаос и за глобалнното престројување со кои сега се соочуваме.
„Делата на Кант имаат придонесено за социјалната и културна ситуација во која западот ги крши сите постигнати договори. Кант го отворил патот кон моралниот релативизам со кој западот може да оправда секој чин и секоја неправда. Тоа е спротивно на Русија, која држи до трајните етички вредности“, кажа Алиханов.
Еден од основоположниците на модерната западна филозофија го поминал целиот животен век и е погребан во Кенигсберг, кој стана Калининград откако беше заземен од советската војска при крајот на Втората светска војна. Денес е руска енклава целосно окружена од Полска и Литванија.