ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ПУШТА ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИ

    ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ПУШТА ИЗРАЕЛСКИ ЗАЛОЖНИЦИВо следната размена, закажана за сабота, треба да бидат ослободени тројца израелски заложници (Фото: АП)

    Хамас објави дека е посветен кон спроведувањето на примирјето во Газа и дека ќе продолжи да ослободува заложници според претходно договореното. По разговорите во Каиро, Хамас кажа дека египетските и катарските посредници ќе ги отстранат пречките за договорот.

    Засега нема коментар од Израел, кој со поддршка од Доналд Трамп се закани дека ќе го укине примирјето и ќе продолжи со жестоките борби ако заложниците не бидат ослободени до сабота напладне. Хамас претходно објави дека прекинува со ослободувањата на заложниците зашто Израел го крши договорот.

    Во следната размена, закажана за сабота, треба да бидат ослободени тројца израелски заложници и Хамас потврди дека тоа ќе се случи.

    Откако започна примирјето во јануари, Хамас ослободи 16-мина израелски заложници и петмина Тајланѓани во замена за стотици палестински затвореници. Во првата фаза треба да бидат уште ослободени 17-мина заложници, од кои осуммина биле мртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира