ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА НАЈМЛАДИОТ ЗАЛОЖНИК, ДЕСЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ, ЗАГИНАЛ ВО ИЗРАЕЛСКО БОМБАРДИРАЊЕ

    ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА НАЈМЛАДИОТ ЗАЛОЖНИК, ДЕСЕТМЕСЕЧНО БЕБЕ, ЗАГИНАЛ ВО ИЗРАЕЛСКО БОМБАРДИРАЊЕБебето Кфир Бибас наводно загинало заедно со неговиот четиригодишен брат и нивната мајка (Фото: АП)

    Преговорите помеѓу Израел и Хамас за продолжување на примирјето во Газа беа засенети од непотврдената информација дека тричлено израелско семејство, вклучувајќи десетмесечно бебе, загинало во претходно израелско бомбардирање.

    Непосредно пред ослободувањето на денешната група заложници, вооруженото крило на Хамас објави дека најмладиот заложник, бебето Кфир Бибас, загинал заедно со неговиот четиригодишен брат Ариел и нивната мајка Шири. Таткото, кој исто така е во заложништво, не беше спомнат.

    Израелските одбранбени сили ја проверуваат точноста на оваа информација“, соопшти војската.

    Кфир беше најмладото меѓу 30-ина киднапирани деца.

    Хамас се огласи откако роднините упатија специјален апел за ослободување на семејството Бибус откако децата и нивните родители не беа вклучени во претпоследната група заложници, која беше пуштена вчера.

    Израелски функционери кажаа дека продолжувањето на примирјето ќе биде невозможно ако не се пуштат сите жени и деца. Израел проценува дека Хамас држи доволно жени и деца за уште два-три дена примирје.

    Палестинските милитанти досега ослободија 60 израелски заложници, а уште 21 странец, главно Тајланѓани, беа пуштени по одделни преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира