ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА НЕГОВИТЕ ВОДАЧИ ГО ПРЕЖИВЕАЛЕ ИЗРАЕЛСКИОТ НАПАД ВО ДОХА

    ХАМАС ОБЈАВИ ДЕКА НЕГОВИТЕ ВОДАЧИ ГО ПРЕЖИВЕАЛЕ ИЗРАЕЛСКИОТ НАПАД ВО ДОХАИзраел веднаш ја презеде одговорноста за нападот, во кој бил погоден станбен комплекс во централниот дел на Доха

    Хамас тврди дека неговиот преговарачки тим го преживеал денешниот израелски воздушен напад во Доха, додавајќи дека притоа загинале шест лица.

    Главна мета на нападот бил Халил ал-Хаја, пребегнатиот шеф на Газа и главен преговарач на Хамас, но групата кажа дека меѓу загинатите се неговиот син и директорот на неговиот кабинет.

    Потврдуваме дека непријателот не успеа да ги убие нашите браќа од преговарачката делегација. Нападот без сомнение потврдува дека Нетанјаху и неговата влада не сакаат да постигнат никаков договор за мир“, соопшти Хамас.

    Израел сè уште собира информации за нападот и сè уште не утврдил дали се убиени некои претставници или лидери на Хамас, изјави еден извор за „Ројтерс“.

    Израел веднаш ја презеде одговорноста за нападот, во кој бил погоден станбен комплекс во централниот дел на Доха, каде што се наоѓа и повремен штаб на Хамас. Медиумите објавија дека во нападот учествувале 15 борбени авиони, кои испукале десет ракети кон една мета.

    Ова беше целосно независна израелска операција. Израел ја иницираше, Израел ја спроведе и Израел ја презема целосната одговорност. Хамас утрово гордо ја презеде заслугата за убиството на четворица израелски војници во Газа вчера и за убиството на шесте лица на автобуска станица во Ерусалим. Затоа наредив хируршки прецизен напад врз терористичките шефови на Хамас. Нема да има имунитет за водачите на Хамас, тие денови завршија“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Белата куќа кажа дека однапред била известена за нападот, додека Катар тврди дека не му бил најавен.

    Израел уби бројни политички и воени лидери на Хамас од почетокот на војната, но ова е првпат мета да биде Катар, каде што се водат преговорите за прекин на огнот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира