Хамас ослободи тројца заложници од Газа, додека Израел почна со пуштањето на 369 палестински затвореници откако посредниците помогнаа да избегне пропаѓањето на примирјето. Тројцата заложници, меѓу кои се и државјани на САД и Русија, беа преземени од израелските сили во градот Хан Јунис, а набргу потоа пристигна првиот автобус со ослободените Палестинци од затворот на Западен Брег.
Ослободените заложници изгледаа во подобра физичка состојба од тројцата пуштени минатата недела, кои беа изнемоштени и слаби.
Размената ги отстрани стравувањата дека примирјето во Газа би можело да пропадне пред истекот на неговата прва фаза, која почна на 19 јануари. Пред неколку дена, Израел со поддршка од Доналд Трамп се закани дека ќе го укине примирјето и ќе продолжи со жестоките борби ако заложниците не бидат ослободени до сабота напладне. Хамас претходно објави дека прекинува со ослободувањата зашто Израел го крши договорот.
Во првата фаза треба да бидат ослободени уште 14-мина заложници, од кои осуммина биле мртви.