Министерот за одбрана Пит Хегсет го сменил шефот на американската војска Ренди Џорџ, изјавија три извори за „Ројтерс“, што е редок случај да се отпушти генерал во воени услови. Пентагон соопшти дека е благодарен за повеќедецениската служба на Џорџ и му посака сѐ најдобро во пензијата.
Два извора кажаа дека Хегсет сменил уште двајца генерали од раководни функции. Џорц беше на функцијата од 2023, а мандатите обично траат четири години.
Пентагон не даде објаснување за смената на Џорџ, што се случува додека САД распоредуваат дополнителни сили на Блискиот Исток, вклучувајќи елитни единици. Американските напади врз Иран главно ги изведуваат морнарицата и воздухопловните сили, додека војниците учествуваат во противвоздушната одбрана.
Армијата е најголемата гранка на американската војска, со околу 450.000 активни припадници.



