ХЕРСОН ОСТАНУВА ДЕЛ ОД РУСИЈА И ПОКРАЈ ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА РУСКАТА ВОЈСКА, ВЕЛИ КРЕМЉ

    ХЕРСОН ОСТАНУВА ДЕЛ ОД РУСИЈА И ПОКРАЈ ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА РУСКАТА ВОЈСКА, ВЕЛИ КРЕМЉУкраинско знаме е поставено пред зградата на регионалната администрација во Херсон. (Фото: Твитер)

    Кремљ вели дека повлекувањето на руските сили од градот Херсон не го менува статусот на регионот, кој што Москва го прогласи за дел од Русија по импровизираните референдуми во септември. Освен Херсон, Русија анектираше уште три украински региони, но не контролира целосно ниту еден од нив. 

    Руските сили од завчера се повлекуваат од градот Херсон и околината поради опасност да бидат опколени од украинската војска. 

    Но, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, кажа дека статусот на Херсон е фиксиран и не се можни промени.

    „Херсон е дел од Руската Федерација, тоа е законски фиксирано и дефинирано. Нема промени и не може да има промени“, изјави денеска Песков.

    Ова е прва официјална изјава од Кремљ откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека руските сили се повлекуваат од градот Херсон и останатите населени места од десната страна на Днепар. Песков кажа дека одлуката е донесена од Шојгу и тој нема што да додаде.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира